Uncategorized Вести Македонија Најважни

Мицкоски му ги испорача своите очекувања на новиот јавен обвинител Савески

Многу очекувања и пораки му испрати премиерот Мицкоски  на новиот државен обвинител Савески од собраниската говорница. Меѓу клучните и тоа дека нема да се смири додека не добие одговор како и по кој закон екс предметите од СЈО биле префрлени во редовното обвинителство, а го посочи и  предмeтот за бонусите на СЈО.

„Јас нема да се смирам додека не добијам одговор на каков начин и по која методологија и по кој закон тогаш затвореникот Катица Јанева повторно ги оживеа овие предмети. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем. За колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за таканаречните специјални јавни обвинители  и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите. Ако се невини, ако не направиле криминал или злоиупотреба нема од што да се плашат? “, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот очекува одговори од државниот обивнител и за предметот за 27 април. Како им се судело на обвинетите, врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од заштитените сведоци?

„И јас очекувам лично од новиот државен јавен обвинител да излезе со  јасна информација во јавноста значи ден тој и тој тоа се случило ден, тој и тој тоа се случило“, рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски му порача на Савески да ги извади од фиока сите предмети кои се  чувале до сега  кои најверојатно се неколку стотици и да се истражат

На крај испрати и апел дека не треба да има повластени и да води истраги за сите за кои има сомнежи за криминал.

Ова не е прв пат Савески да добива  вакви пораки од политичари. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и на денот кога го избраа мегу другото му порачаа  дека треба да рачисти со последиците од СЈО. Следниот ден на новинарските прашања тој рече дека секој има право на очекувања но и дека нема да работи според тоа кој како го повикал туку предвид ке ги има Уставот. законите и меѓународните стандарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе