Uncategorized Вести Македонија

Возачот кој усмрти пешак во Мралино немал возачка дозвола и бил под дејство на алкохол

Основното јавно обвинителство бара притвор за  нанесување „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за 21 годишникот кој вчера усмрти пешак во Мралино.

Според Обвинителството, осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе