Основното јавно обвинителство бара притвор за нанесување „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за 21 годишникот кој вчера усмрти пешак во Мралино.
Според Обвинителството, осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
