Балкан Вести Економија

Штрајк на неопределено време започнаа бензинските пумпи на островот Лезбос

Зголемување на воведениот плафон на профитната маржа од 12 на 20 центи или утврдување на плсфонот според нивото од 27 февруари, односно денот пред почетокот на војната, бараат сопствениците на сите бензинските пумпи на грчкиот остров Лезбос, кои започнаа штрајк и од денеска ќе бидат затворени на неопределено време.

Одлуката за штрајкот беше едногласно донесена од 45 сопственици на бензински пумпи на островот за време на генералното собрание одржано во вторникот, кога според локалните медиуми, било нагласено дека „затвораат за да не ги затворат, објави МИА.

Грчката Влада минатата седмица воведе плафон на профитната маржа – 5 центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи, а од Сојузот на сопственици на бензинските пумпи на Лезбос, сметаат дека оваа регулатива, која не се применува на рафинериите, иако тие имаат клучна одговорност за наглото зголемување на цените на горивата од почетокот на војната, го довела секторот до економско задушување.

Преку штрајкот бараат зголемување на плафонот од 12 центи (со ДДВ) на 20 центи (со ДДВ) за островите во северниот дел на Егејското море или алтернативно, предлагаат утврдување на плафонот на нивото што важеше на 27 февруари, односно еден ден пред почетокот на војната, а барањата се со цел „бензински пумпи да останат здрави и одржливи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе