Само во еден ден до полицијата пристигнале шест пријави за семејно насилство, а тројца од насилниците веќе се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во два од случаите жртви биле и малолетни деца од кој во еден од случаите таткото, карајќи се со сопругата, си ја нападнал ќерка си со тврд премет, а во другиот мајка била пријавена дека го тепа сопственото дете, а во полиција пријавил сопругот.
За дел од настаните веќе се поднесени соодветни пријави, а за дел сè уште се работи на нив, информираат од полицијата. Зачестените пријави за семејно насилство, но и објавите од полицијата доаѓаат откако јавноста жестоко реагираше на непостапувањето на институциите кои доведуваат до трагичен крај со жртви.
Од МВР велат дека сè уште истражуваат каде потфрлиле нивните службеници за последниот случај во кои жртви беа мајка и дете, додека за убиството на велешанката Росица и нејзиниот татко се уште трае истрагата за 11 службеници.
