Вести Македонија Топ вести

Обвинение за Стојанче Јовановски по смртта на неговата жена и ќерка

Обвинение е поднесено против Стојанче Јовановски кој седум години физички и псхички ја малтретирал неговата сопруга Ивана која си го одзеде нејзиниот и животот на нејзината 6-годишна ќерка Катја по пад од балкон во скопско Тафталиџе. Тој се товари за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

На 2 март на повеќе локации во Скопје извршил семејно насилство врз сопругата. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи и телесни повреди од кои таа во еден момент изгубила свест. Истиот ден, на паркингот зад Кривичниот суд, упатил и сериозни закани дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Обвинетиот издејствувал сега починатата Ивана Јовановска во ноември во 2022 година да му го отстапи со Договор за дар својот идеален дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со тоа што оштетената и детето требало да останат да живеат во станот. Но, по стекнувањето на сопственоста, обвинетиот започнал психички и физички да ја малтретира, а во 2025 година интензитетот на малтретирањата преоѓа во сурово и нечовечко постапување кон сопругата“, соопштуваат од ЈОРСМ.

Според обвинителството, Стојанче Јовановски сè почесто ја тепал и ја омаловажувал во нивниот дом во присуство на нивната малолетна ќерка, на јавни места и пред други сведоци, заканувајќи и се дека ќе ја избрка од домот каде живееле и дека ќе ѝ ја одземе нивната малолетна ќерка.

„Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената да се спакува. Но, малтретирањето ја довело оштетената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлезност, и таа без разумно да управува и да ги контролира своите постапки, извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со нивното малолетно дете“, додаваат од ЈОРСМ.

Обвинителството отвори предмет и за постапувањето на Центарот за социјални работи Скопје, откако било поднесено барањето за развод. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши проверки за тоа како полицијата постапувала по пријавите за семејно насилство. Државниот просветен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, каде учело девојчето за тоа дали училиштето и стручната служба соодветно постапувале.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе