Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија набавила моќни ракети од Кина, наведувајќи дека станува збор за ракети со дострел од 200 до 400 километри. Во интервју за Радио Телевизија Србија, тој изјави дека Србија поседува „значителен број“ од овие ракети и дека планира да набави уште, нагласувајќи дека земјата нема намера да нападне никого.
Вучиќ, истовремено, изрази загриженост за, како што рече, можен воен сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, тврдејќи дека таквото партнерство би можело да биде насочено против Србија. Тој додаде дека земјата се подготвува за одбрана и дека ќе ја задржи својата воена неутралност, без намера да се приклучи на НАТО Алијансата.
