Вести Економија Топ вести

Пратениците незаинтересирани за говорот на Лорковски, предупреди на ценовен удар во Европа, но малкумина дојдоа да го чујат

Пратениците незаинтересирани да го слушнат говорот на првиот човек на Енергетската заедница во време на големи притисоци врз цените на енергенсите. Директорот на секретаријатот Лорковски го презентираше годишниот извештај за она што се случува во енергетиката во земјава. Зборуваше и за ризиците од моменталните глобални случувања и за подготвеноста на државата да се справи, но мал број пратеници одлучија да го слушнат. Откако соопшти дека половично е имплементирано европското законодавство, на прашањето дали има сценарија за овие воени кризи за наредните шест месеци, како би се одвивале и како би влијаеле на регионот, Лорковси кажа дека она што е поразлично од руско – украинскиот конфликт е тоа што сега не станува збор за безбедно снабдување со енергенси, туку за висината на нивната цена.

Европа е погодена, но од зголемувањето на цените и ова е нешто што е различно од претходните кризи од 2022 и 2021 година кога Европа и Унијата беа предмет на цел на акција од снабдувач кој што направи прекини во снабдувањето на нафта и гас. Ова е подобрата вест од претходно, изјави директорот на секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски.

Зборуваше и за мерки за заштита од поголем ценовен шок.

Првиот начин е мора да ги идентификувате ранливите потрошувачи и да обезбедите поддршка за нив и втората опција која сега се расправа во Европска Унија е да се намалат таксите што би значело лимитирани приходи за државниот буџет. Меѓутоа ова е единствениот  начин со кој можете да избегнете или да го минимизирате инпактот на  глобалните цени, додава Лорковски

И во земјава како опции се споменуваат  намалувањето на акцизите и ДДВ то за увоз на енергенси, но за да се случи тоа треба да се прогласи кризна состојба. Во понеделникот горивата поскапеа, дизелот за над 14 денари, но македонските власти сметаат дека за сега нема потреба од мерки за превенција. Цената на нафтата и натаму е околу 90 долари за барел. Има пад, но е далеку повисока од пред стартот на конфликтот. Значителен скок има и кај цената на гасот.

Од Енергетската заедница сметаат дека земјава нема добро разработен план за безбедно снабдување со електрична енергија, во случај на криза, додека во делот на гасот и нафтените резерви состојбата е подобра.  Соопшти и дека секретаријатот одблиску ќе го следи и изборот на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во собранието овој пат немаше претставници од РКЕ, иако вообичаено  присуствуваат на презентацијата на извештајот.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе