Вести Македонија Топ вести

Три дена ќе има настани во Кочани во чест на 63 жртви и околу 200 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“

Со почит кон 63-те жртви и околу 200 повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, општината, семејствата на загинатите и на повредените, државните и локалните институции се подготвуваат за одбележување на годишната од најголемата трагедијата во поновата македонска историја.

Три дена ќе има настани, почнуваат од 14 март, сабота со молитвено сеќавање и помени на гробиштата во Кочани. Во недела во спомен на жртвите ќе се трча, ќе има планинарски марш, а дел од повредените млади луѓе ќе имаат и натпревар во кошарка, на овој ден ќе има промоција на книга и музичко-балетски перформанс. На 16 март настаните почнуваат токму од пред дискотеката „Пулс“.

  • Во 2.15 ќе оддадеме почит пред Пулс, под мотото „2.32 светлина што останува”. Во 8.45 во градскиот парк ќе бидат поставени 63 бели столчиња, кои ќе ги симболизираат 63 животи на прерано починатите дечиња. Во 9.00часот ќе пристигнат делегациите, а во 10.30 е предвидено да започне комеморативната седница, изјави Владко Грозданов градоначалник на Кочани.

Досега се најавени над 70 делегации од амбасади, лекари и медицински персонал од болниците каде повредените се лекуваа. Приемот ќе биде во паркот во Кочани. Се апелира жителите на Кочани во текот на овие три дена низ центарот да се движат пеш или со велосипед, со цел достоинствено да се пречекаат делегациите.

  • До сите институции, јавни, приватни, сите правни субјекти и сите чинители кој работат во овој град ослободете ги вработените во периодот во кој следува за да сите заедно достоинствено и чесно оддадеме почит, вели Грозданов.

Повик се упати до земјоделците во денови на тага да не ги палат стрништата. Владата денеска најави дека на 14 март во Скопје ќе организира Меѓународна конференција за пожарот во Кочани, а на која ќе учествуваат лекари и медицински ескперти од 37 земји.

Викторија Јованова

 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе