Вести Свет Топ вести

Кос: ЕУ нема да дозволи да и се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности

Европската Унија нема да дозволи да се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности или институции, изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на расправата за Стратегијата за проширување на ЕУ, којашто треба да се усвои денеска.

Нема тројански коњи. Земјите што би нè поткопале одвнатре не можат да станат членки на ЕУ. Мора да бидеме апсолутно сигурни во тоа. Земјите што се приклучуваат кон ЕУ мора да бидат силни и отпорни демократии, способни да се спротивстават на токсичното влијание на Русија и другите, изјави Марта Кос пред Европскиот парламент.

За време на дебатата за проширувањето во Европскиот парламент, Кос нагласи дека инсистирањето на владеењето на правото како клучен приоритет неизбежно го зајакнува кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Напнатоста на Блискиот Исток продолжува и покрај паузата во нападите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе