Вести Македонија Топ вести

По еден месец, водата во Струга повторно безбедна за пиење

По еден месец забрана, водата од градскиот водовод во Струга повторно е безбедна за пиење. Последните анализи на Центарот за јавно здравје покажуваат дека параметрите за матност се во рамките на дозволеното. Сепак, надлежните велат дека состојбата и понатаму ќе се следи по еколошкиот инцидент кај изворите во Шум.

Водата од градскиот водовод во Струга е безбедна за пиење, покажаа и денешните резултати од анализите на Центарот за јавно здравје. Параметрите за матност на мерните места се под дозволените 1,5 единици. Со тоа, по еден месец е укината забраната за употреба на водата, која беше воведена по еколошкиот инцидент на изворите во Шум.  Но, тоа не значи дека кризата целосно е надмината, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ во Струга, Јован Мечакроски, и нагласува дека состојбата и понатаму внимателно ќе се следи.

  • Само што ги добивме официјалните резултати од денес. Квалитетот на водата е одличен и кај Шум и на мерните места низ градот и официјално,  може да се пие. Но мораме се уште да бидеме претпазливи. Ќе има мониторинг според насоките на надлежните. Ќе продолжиме и понатаму со мерења, бидејќи не можеме со сигурност да кажеме дека водата ќе биде постојано чиста. Со ископините што се правеа имаме нарушена доверливост  на изворите , вели Јован Мечакроски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Мечакроски дојде на функцијата директор на јавното претпријатие пред две недели  дена,  во текот на најголемата криза со вода во Струга, откако претходниот директор си поднесе оставка од морални причини. Тој вели дека претпријатието го наследил во тешка финансиска и кадровска состојба, со долг од над 4 милиони евра. Воедно, инспекторатот утврди дека Водоводот нема соодветна дозвола за користење на водата, па веќе е започната постапка за регулирање на тоа прашање.

  • Всушност, Водовод работел во целиот свој век како една дивоградба. Веќе добивме насоки од надлежните и веќе постапуваме по нив – за одобрение за користење на водите, добивање ХАСАП систем и инсталирање систем за мерење на квалитетот на водата. Дел ќе си преземе и Владата, тоа што е во нејзина надлежност, вели Мечакроски.

Хаварјата  кај изворот Шум беше забележана на 8 февруари, а при контрола на водата Центарот за јавно здравје тогаш  утврди дека матноста е 30 пати над дозволеното. Случајот сега го истражува и Обвинителството во Струга за можна одговорност на фирми кои вршеле ископи во близина на изворите.

Експертите од Градежниот факултет во Скопје кои ги ангажираше Општинаат, по увидот на лице место, изготвија извештај во кој меѓу другото  препорачаа воспоставување санитарни заштитни зони околу изворите и ограничување на активностите во сливното подрачје.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе