Вести Македонија Топ вести

Поттикнување на женското лидерство

„Поттикнување на женското лидерство во општеството, економијата, информатичките и комуникациски технологии и културата“ е темата на панел дискусијата која се одржа по повод Меѓународниот ден на жената во организација на амбасадата на Италија во Скопје.

Женското лидерство придонесува во сите сфери на општеството и важно е секојдневно да се подигнува свеста за тоа, забележа италијанскиот амбасадор Палминтери.

Експертки од областа на културата, образованието, безбедноста и технологијата ги загатнаа клучните аспекти на предизвиците и стереотипите со кои се соочувале во својата професионална дејност.

  • Да, постојат многу нешта кои треба да се променат. И има многу жени кои го прават тоа, но она што е најважно e да бидеме компетентни за она што го работиме.Затоа што дури и ако сте поканети на место каде што се носат одлуки, се извинувам но ова е мое мислење, вие во одредени моменти имате чувство дека сте еден вид декорација. Само за да се покаже дека е рамноправен бројот на мажи и жени, но на крајот гледате дека треба да се изборите за нештата да бидат направени на начинот како што ние навистина сакаме – Барбара Куписти, режисерка. 
  • Навистина пред се ќе видите мажи во ИКТ секторот, во сајбер безбедноста, меѓутоа дефинитивно сајбер -безбедноста не се базира само на инженеринг, само на програмирање и постојано се обидуваме да ја разработиме и да им ја доближиме и на младите девојки. На тој начин што ќе ги однесеме на работни места каде што сајбер-безбедноста жени и девојки веќе работат на нивните позиции. Многу е позитивен трендот и генерално во ИКТ уписите на факултетите и во ИКТ позициите, да не речам општо во целиот ИКТ сектор повеќе од 50 % жени се присутни во позициите- Aнита Никова, експертка за сајбер-безбедност, eGa Senior Expert.  
  • Верувам дека се бројни предрасудите со кои се соочуваме денес и можеби повеќе од Меѓународен ден на жената и правата на жената треба да се воспостави и Ден на воспитување на мажите во однос на жените. Апсолутно воспитувањето и културата која што треба да ја  имаат мажите е неизоставен дел од овие позиции општествени- Паоло Палминтери, Амбасадор на Италија во РСМ.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе