Вести Економија Македонија Топ вести

Земјоделците се жалат на новата програма и ги бараат заостанатите субвенции

Државата должи над 100 милиони евра субвенции по различни основи, се пожалија земјоделците на втората средба во Прилеп, каде дискутираа за проблемите во секторот.

-До 31.12.2024 година Министерството должи 2,4 милијарди денари, или 39 милиони евра. Сега сме на прагот да се дадат субвенции за тутунот од 33 милиони евра. 100 хектари по 200 евра се 20 милиони, плус градинарството, сточарството, овчарството, пчеларството и додатните мерки за преработка – значи над 100 милиони евра, истакна Миле Кебакоски од здружението „Фармери југозапад“. 

Земјоделците од повеќе здруженија бараат ревидирање на годинашната програма за директни плаќања и враќање на субвенционирањето според програмата од 2025 година.

-Главниот проблем ни е годинашнава програма, односно програмата за директни плаќања. Ние искажавме несогласување со програмата. За жал, досега немаме реакција од надлежните. Баравме да се измени програмата за 2026 година и да остане да важи програмата од 2025 година, рече Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа.

Сточарите посочија дека навремената исплата на субвенциите е клучна и дека новиот начин на субвенционирање може да го загрози сточарството.

 -Заврши и 2025 година, а немаме субвенционирана исплата. Бараме во рок од еден месец да бидат исплатени субвенциите по грло добиток , а за три-четири дена ни исплатат   субвенциите по литар предадено млеко за  седум месеци од лани, рече Борче Бучински, сточар од Могила

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски деновиве кажа дека новините во програмата предвидуваат повисоки прагови за добивање субвенции. За земјоделците кои ќе останат под тие прагови е предвиден преоден период од две години, за да се прилагодат на новите услови и да го зголемат производството.

новинар: Емилија Мисирлиевски

снимател: Златко Јосифовски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе