Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби испрати апел до граѓаните кои сакаат да се евакуираат да се пријават што е можно побрзо. Македонската амбасада во координација со властите на Обединетите Арапски Емирати работи на организирање на чартер летови за евакуација на македонските државјани.
За пријавување, граѓаните можат да ја контактираат амбасадата преку:
Телефонскиот број: +971 56 441 7532
Е-пошта: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни чекори и услови за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Амбасадата.
