Вести Свет

Нафтата скокна за 10% поради конфликтот со Иран, можно е да достигне 100 долари

Цената на суровата нафта „брент“ порасна за околу 10% и достигна 80 долари за барел во вонберзанско тргување, по нападите на САД и Израел врз Иран.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку кризата се продлабочи, цената може да порасне и до 100 долари за барел, особено ако дојде до подолготрајно затворање на Ормускиот теснец, преку кој поминуваат повеќе од 20% од глобалните испораки на нафта.

Повеќето сопственици на танкери и трговски компании привремено ги суспендираа испораките на сурова нафта, гориво и течен природен гас низ теснецот, по предупредувањата од Техеран.

Според проценките, евентуалното целосно затворање би можело да предизвика губење од 8 до 10 милиони барели дневно на глобалниот пазар, и покрај алтернативните нафтоводи преку Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Меѓувреме, групата ОПЕК+ најави зголемување на производството за 206.000 барели дневно од април, што е релативно скромен раст.

Аналитичарите од повеќе банки очекуваат цените краткорочно да се задржат над 90 долари, додека азиските земји, вклучително и Индија, разгледуваат алтернативни извори како руската нафта за да ги ублажат можните прекини во снабдувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе