Иранските власти соопштија дека нападнале низа американски и сојузнички цели во заливските држави, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, како и неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел.
Една жена го загуби животот кога иранска ракета погодила станбена зграда во израелската престолнина Тел Авив, додека вкупниот број на повредени израелски цивили во останатите ирански напади изнесува 120.
Локалните медиуми во заливските држави соопштуваат дека ирански напади биле извршени врз аеродромите во Дубаи и Бахреин, во кои биле повредени четири лица.
