Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека неговата земја нема да „се покори пред светските сили“. Ветувањето го даде пред иранските претставници на параолимписките игри во Милано и Кортина и доаѓа во услови на зголемено присуство на американската војска во регионот и разговорите за нуклеарната програма со Вашингтон за која Техеран инсистира дека е мирна САД и сојузниците се сомневаат дека има за цел да резултира со развој на атомска бомба.
„Нема да ги наведнуваме главите пред овие проблеми. Ќе се обидеме да донесеме чест и гордост во нашата земја. Додека сме живи и можеме да дишеме, ќе ги жртвуваме нашите животи за нашата земја“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.
Пезешкијан рече дека иранската Влада постигнала договор да не потклене, дури и ако сите светски сили му се спротивстават на Иран. Порача дека Техеран нема да направи такво нешто по никоја цена.
„Со Божја милост и сила, нема да ги спуштиме главите пред овие тешкотии. Иако надворешниот свет и глобалните сили неправедно нè притискаат да се покориме, ние нема да ги спуштиме главите, исто како што вие (спортисти) одбивте да се потклекнете пред тешкотиите“, додаде Пезешкијан
Соединетите Американски Држави засилено распоредуваат војници, бродови и авиони и опрема на Блискиот исток, што домашните медиуми го толкуваат како најголема количина на воздушна сила во регионот од инвазијата на Ирак во 2003 година. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за можни ограничени напади врз Иран, и покрај изјавата на шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи дека очекува Предлог-договор во следните неколку дена по последната рунда на разговори за нуклеарната програма со САД во Женева.
Според Арагчи. тоа ќе биде договор од кој добиваат сите и најави дека ќе вклучува политички обврски, но и технички мерки, вклучително и надзор на иранската нуклеарната програма од шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.
Сашко Димовски
