Вести Свет Топ вести

Пезешкијан: Нема да потклекнеме пред притисокот од САД по никоја цена

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека неговата земја нема да „се покори пред светските сили“. Ветувањето го даде пред иранските претставници на параолимписките игри во Милано и Кортина и доаѓа во услови на зголемено присуство на американската војска во регионот и разговорите за нуклеарната програма со Вашингтон за која Техеран инсистира дека е мирна САД и сојузниците се сомневаат дека има за цел да резултира со развој на атомска бомба.

„Нема да ги наведнуваме главите пред овие проблеми. Ќе се обидеме да донесеме чест и гордост во нашата земја. Додека сме живи и можеме да дишеме, ќе ги жртвуваме нашите животи за нашата земја“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.

Пезешкијан рече дека иранската Влада постигнала договор да не потклене, дури и ако сите светски сили му се спротивстават на Иран. Порача дека Техеран нема да направи такво нешто по никоја цена.

„Со Божја милост и сила, нема да ги спуштиме главите пред овие тешкотии. Иако надворешниот свет и глобалните сили неправедно нè притискаат да се покориме, ние нема да ги спуштиме главите, исто како што вие (спортисти) одбивте да се потклекнете пред тешкотиите“, додаде Пезешкијан

Соединетите Американски Држави засилено распоредуваат војници, бродови и авиони и опрема на Блискиот исток, што домашните медиуми го толкуваат како најголема количина на воздушна сила во регионот од инвазијата на Ирак во 2003 година. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за можни ограничени напади врз Иран, и покрај изјавата на шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи дека очекува Предлог-договор во следните неколку дена по последната рунда на разговори за нуклеарната програма со САД во Женева.

Според Арагчи. тоа ќе биде договор од кој добиваат сите и најави дека ќе вклучува политички обврски, но и технички мерки, вклучително и надзор на иранската нуклеарната програма од шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе