Вести Ковид19 Македонија Најважни

199 новозаболени од корона вирус, 8 починати, меѓу нив и 24-годишен пациент

Меѓу осуммината починати во изминатото деноноќие од Ковид 19 е и 24 годишен пациент, за кој се уште не се знае дали хронични болести. Починал на Инфективната клиника во Скопје, каде битката со болеста ја загубија и пациенти на 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години.  Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од  56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

Во изминатото деноноќие направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975,  бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3803, активни 1864
• Куманово 848, активни 181
• Дебар 143, активни 81
• Штип 430, активни 165
• Прилеп 294, активни 61
• Тетово 856, активни 323
• Струга 312, активни 156
• Велес 201, активни 38
• Битола 70, активни 29
• Охрид 223, активни 131
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 216, активни 131
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 22, активни 13
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 5, активни 1
• Крушево 10, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 35, активни 23
• Демир Хисар 6, активни 5
• Македонски Брод 8, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 112, активни 105
• Кичево 68, активни 59
• Ресен 134, активни 89
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува подготовката на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Дејан Дејан

Комисијата за хартии од вредност ги додели годишните награда за млади истражувачи за 2026

Дејан Дејан

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе