Балкан Вести Економија

48-часовен штрајк на такси – возачите во Атина

Утрово започна  48-часовен штрајк на такси – возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, додека пак таксистите во Солун одржуваат 24-часовен штрајк, со цел уште еднаш да ги истакнат нивните барања.

Такси-возачите бараат плоронгирање на законската обврска такси возилата од 1 јануари да бидат целосно електрични, бараат решенија за нелојалната конкуренција, но и дозвола сите такси возила да ги користат специјалните коловозни ленти наменети за автобуси.

Штрајкот на таксистите во Атина ќе заврши в четврток во 6 часот наутро, додека пак во Солун ќе трае до утре наутро.

Таксистите во цела Грција одржаа 48-часовен штрајк на средината на јануари, во Атина беше продолжен со уште еден ден, додека пак една седмица подоцна на 20 јануари грчката метропола повторно два дена беше без такси превоз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе