Вести Свет

Најмалку 11 убиени и 12 ранети во пукање на фудбалско игралиште во Мексико

Најмалку 11 лица се убиени, а 12 ранети, кога вооружени лица отвориле оган на фудбалско игралиште во централно Мексико, соопштија локалните власти. Нападот се случил во градот Саламанка по завршување на фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието, пишуваат американските медиуми.

Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот потврди дека меѓу ранетите има една жена и едно малолетно лице.

„За жал, постојат криминални групи кои се обидуваат да ги потчинат властите, нешто што нема да го постигнат“, рече градоначалникот.

Канцеларијата на државниот обвинител на Гуанахуато соопшти дека истражува и работи со федералните власти за зајакнување на безбедноста во областа.

Државата Гуанахуато минатата година регистрираше најголем број убиства во Мексико. Во таа област, локалната банда Санта Роса де Лима се бори против моќниот картел „Нова генерација на Халиско“.

И покрај ова, мексиканската влада тврди дека стапката на убиства во земјата во 2025 година била најниска од 2016 година, со 17,5 убиства на 100.000 жители. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека овие бројки можеби не го одразуваат целосно вистинското ниво на насилство во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе