Протестот на студентите и професорите на Филозофскиот факултет во Нови Сад во знак на поддршка на професорката Јелена Клеут, која доби отказ од оваа српска образовна институција, заврши денеска по интервенцијата на српската полиција, која со употреба на сила ги растера присутните.
Протестот започнал околу пладне, кога се собрале студентите на факултетот, порачувајќи дека нема да си заминат додека професорката Клеут не биде вратена на работа.
Околу 16 часот, на факултетот дошла полицијата, која ја повикал деканот.
Студентите одлучиле протестот денеска да се заврши, но и со порака дека „борбата не завршува и нема запирање додека студентите не добијат слободен универзитет“.
