Балкан Вести Свет

Радев поднесе оставка како претседател, ќе атакува на премиерската функција

Уставниот суд на Бугарија ќе решава по оставката на претседателот, Румен Радев, кој по девет години реши да се повлече од фукцијата шеф на државата, со намера да се обиде да ја освои извршната власт на претстојните предвремени парламентарни избори во земјата.

Изминатата година се почесто во политичките кругови во Бугарија се споменуваше неговата амбиција да застане на чело на државата, но како премиер, што Радев го потврди во обраќањето кое го имаше вчере најавувајќи ја својата оставка.

„Битката за иднината на Татковината е пред нас и верувам дека ќе ја водиме заедно со сите вас – достојните, инспирираните и бескомпромисните. Подготвени сме, можеме и ќе успееме“, порача Радев.

Радев како причина за својата одлука ја наведе потчинетоста на бугарската политика и политичари на олигарсите, велејќи дека бугарската политика се одвива надвор од институциите.

„Денешната политичка класа ги изневери надежите на Бугарите за компромиси со олигархијата. Две третини од граѓаните повеќе не гласаат. Потребен е нов општествен договор. Нашата демократија нема да преживее ако ја оставиме на корумпирани луѓе, компромисисти и екстремисти“, рече Радев.

Уставниот суд на Бугарија веќе формираше предмет за оставката на Радев, за кој судот нема рок до кога треба да донесе одлука. Експертите по Уставно право во Бугарија се на став дека Судот ќе се произнесе во рок од неколку дена, со оглед дека тоа што тие треба да го направат е да утврдат автентичноста на волјата на претседателот. Според нив обраќањето на Радев до нацијата, го уакажало тоа без никаков сомнеж.

Политичките аналитичари истапувањето на Радев во борба за извршната власт ја толкуваат како нова етапа во политичкиот живот на Бугарија, дел од нив и со критика за неговите ставови за глобалната политика, забележувајќи му за отворениот евроскептицизам, претсатавник на проруското влијание во Бугарија.

Политичкикте партии во Бугарија со различни реакции на остваката на Радев. Претничката група на ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов, му порача дека ќе бидат среќни да видат нешто поконкретно од него, како што е програма, а не морални монолози и церемонии, најавувајќи дека нема да е борат против него, туку дека ќе го остават да се бори со реалноста, додека од коалицијата „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“ очекуваат Радев да се дефинира себеси прецизно во контекст на фер избори, демонтирање на коалцијатра Борисов – Пеевски и залагање за силна Бугарија во силна Европа, со силен европски пат.

Инаку Радев како претседател на Бугарија водеше тврда политика кон Македонија. Во перидото на политичката криза во која влезе Бугарија од 2020 година па се до денес, со нестабилни владини коалиции и низа од технички влади, беше еден клучните фактори кои ја моделираа надворшната политика на Софија кон земјава. Токму тој на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо Бриони во 2021 година, ги испорача бугарските барања за кревање на ветото кон Македонија, именувани како „пет плус еден“ меѓу кои беше и впишувањето на бугарите во Уставот, што една година потоа и се реализираше како услов за старт на преговорите на земјава со ЕУ, верификувано со Преговарачката рамка.

Тамара Грнчароска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе