Вести Економија Топ вести

БЕГ оди во рацете на фирма од Дубаи? Компанијата од ОАЕ сака да го купи нивниот сопственик со седиште во Кипар

Ќе се менува ли сопственикот на БЕГ, компанијата која до пред некоја година го менаџираше парното греење?

Фирмата Енволед Инвестмент со седиште во Обединетите арапски емирати се токму да ја купи Битар Холдинг Лимитед со седиште во Кипар, кои пак во земјава стопанисуваат со Балкан Енерџи Груп или познатата БЕГ, но се и акционери во когенеративната централа ТЕТО, стои во известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Енволед е инвестициска компанија која нема регистрирани друштва, ниту подружници во земјава.

ЕНВОЛЕД ИНВЕСТМЕНТ Л.Л.Ц. (ENVOLED INVESTMENT L.L.C со седиште во, Дубаи, ОАЕ има намера да стекне самостојна контрола директно над БИТАР ХОЛДИНГС ЛИМИТЕД (BITAR HOLDINGS LIMITED), со регистрирана адреса во Кипар по пат на купопродажба на акции, пишува во известувањето од Комисијата за заштита на конкуренцијата

Од  документот на КЗК може да се види дека  Бител Холдинг Лимитид има седум регистрирани друштва во земјава. Во годишниот извештај пак на ТЕТО пишува дека во когенеративната централа поседува 29 отсто од акциите. За ова известување од КЗК, се обративме и до ТЕТО, но од таму одговор до објавување на прилогот не добивме.

До пред извесно време БЕГ ги грееше скопјани, но за време на енергетската криза менаџирањето на парното отиде во рацете на ЕСМ. Тогаш образложението беше дека поради високите трошоци наметнати од кризата тешко можат да го работа бизнисот.

Сега, од податоците на Бизнис мрежа може да се види дека друштвата за производство, дистрибуција и снабдување на БЕГ за 2024 година се во минус.

Од друга страна пак ТЕТО во која Битар Холдинг има акции испорачува топлинска енергија за домаќинствата, а за јануари и февруари ЕСМ од нив купи и струја за целосно да ги надомести потребите од електрична енергија.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата ги повикуваат сите кои имаат забелешки да ги изнесат. Рокот за тоа има 10 дена од објавата на известувањето на Комисијата.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе