Вести Македонија Топ вести

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада

На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму исто така како што најавивме ќе следи проектот мигранти за пари, рече на прес-конференција Венко Филипче, лидер на СДСМ.

  • Предупредивме дека има огромна дупка во Буџетот. Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра. Доспеани и неподмирени обврски кон економски субјекти 700 милиони евра. Поврат на ДДВ помеѓу 100 и 150 милиони евра кои што не се исплатени кон компаниите. Следат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити. Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Нема пари за раст на платите во 2026 година, рече тој.

Филипче го истакна и скандалот со ИПАРД европските пари, тој рече дека „ние сме на црната листа на Европа во делот на земјоделството. Власта нема од каде да надополни дупка од 120 милиони евра коишто беа субвенција, поддршка за илјадници семејства кои што се занимаваат и живеат од земјоделството“.

 

(Живо) Нов изборен законик на пролет, техничката влада „преживеа“ до првите наредни избори – одлуки од денешната лидерска средба

Филипчеистакна дека само кога ќе биде спремно општеството по ЕУ стандарди, може да се укине техничката влада.

  • „Укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа. Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар.Затоа неопходни се реформи по европски стандарди, посебно во делот на правосудството“, рече Филипче.

Тој нагласи дека реформите мора целосно да се спроведат и реално да функционираат во институциите, согласно препораките на Европската Унија и оценската комисија.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Погребан Aјатолахот Али Хамнеи, неговиот наследник не се појавил во јавност

Kristina Kuzmanovski

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе