Балкан Вести Економија

Грција: 24-часовен штрајк утрово поради новиот буџет за 2026 година

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк утрово поради новиот буџет за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент.

Штрајкот го поддржуваат и локалните власти, наставниците, здравствените работници и градоначалниците, а пред Парламентот се организираат протести во текот на денот.

Синдикатите го критикуваат буџетот како „антиграѓански“, кој, според нив, носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и привилегии за големите бизнис групации, и изразуваат солидарност со протестите на земјоделците.

Вечерва се очекува буџетот да го поддржат само пратениците од владејачката Нова демократија, а премиерот Кирјакос Мицотакис го опиша како „општествен и развоен, реален и реформски“, со мерки за поддршка на средната класа, младите, семејствата и најранливите категории граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе