Балкан Вести Свет Топ вести

Пожарот во напуштената зграда на „Вјесник“ го подметнале двајцата 18-годишници кои биле инспирирани од ТикТок предизвик

Две лица на 18-годишна возраст се осомничени дека го предизвикале катастрофалниот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб, соопшти загребската полиција по завршената кривична истрага. Тие се товарат за тешки кривични дела против јавната безбедност како и загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие.

Според истрагата,  двајцата осомничени влегле во објектот заедно со уште неколку малолетници. Групата, инспирирана од ТикТок предизвик за фотографирање во напуштени простории, се качила до 15-ти кат, кадешто, според сомневањата, е запалено картон полн со хартија. Пожарот брзо се проширил, предизвикувајќи голема материјална штета и целосно компромитирајќи ја стабилноста на објектот.

Еден од осомничените, целосно ја негира вината. Тој тврди дека не видел кој го предизвикал огнот и дека пожарот го забележал дури подоцна. Другиот 18-годишник се предал сам во текот на денот.

Во меѓувреме, уште едно лице поврзано со настанот се предало на полицијата и е под надзор. Уапсениот тинејџер денес беше спроведен на испрашување во Општинското државно обвинителство, а истражниот судија треба да одлучи дали ќе му биде определен притвор.

Случајот отвори сериозни прашања за заштитата и надзорот на напуштените објекти во Загреб, кои сè почесто стануваат цел на младински групи инспирирани од социјалните мрежи.

Т.Д.

Фото/Видео: Зградата на „Загребски Вјесник“гореше цела ноќ, пожарот сè уште не е изгаснат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе