Балкан Вести Топ вести

И се заканувал па пукал во неа: фемицид во Мостар – убиена е 32-годишната Алдина Јахиќ

Животот на 32-годишната Алдина Јахиќ од Калесија трагично згасна, откако нејзиниот поранешен партнер, 33-годишниот фудбалски судија Анис Калајџиќ брутално ја уби во угостителски објект на 16 ноември.

Како што јавуваат регионалните медиуми, Алдина била млада економистка, успешна истражувачка и поранешна студентка на Универзитетот во Тузла. Според полициските информации, таа се обидувала да побегне од осомничениот, кој ја следел уште од автобуската станица.

Калајџиќ го оставил својот автомобил на околу 50 метри од ресторанот, влегол по Алдина и ја бркал до тоалетот, каде што ја пронашол и пукал во неа. Полициските екипи пристигнале за само две минути, но не можеле да го спречат фаталниот исход.

Обвинителката Весна Прањиќ соопшти дека Алдина претходно добивала закани од Анис, но не ги пријавила, верувајќи дека ситуацијата нема да ескалира. „Кога тргнала на тренинг, тој ја пресретнал, ја нападнал и ѝ ставил пиштол на глава. Таа се обидела да побегне до хотелот, но тој влегол по неа и ја лишил од живот“, изјави тамошната обвинителка.

Осомничениот, кој неодамна легално пријавил пиштол под изговор дека добива закани поради судиската работа, по убиството се обидел да се самоубие, но не успеал. Тој бил уапсен веднаш на лице место. Анис К. е син на поранешен познат фудбалер.

На социјалните мрежи пристигнуваат бројни пораки на сочувство. Меѓу нив е и емотивната објава на економистот Адмир Чавалиќ кој напиша:

„Алдина можеше да организира настан за 1.000 луѓе, да напише десетици стручни трудови, да говори пред полна сала, да зборува течно англиски. Можеше сè. Но вечерва не успеа да побегне.“

Оваа трагедија повторно го отвори прашањето за насилството врз жените и сериозноста на заканите кои често остануваат непријавени – со последици кои можат да бидат смртоносни.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе