Извештајот на ЕК според кој нема напредок во борбата со корупцијата и судството се испраќа прекор до владата за начинот на кој се поставува кон судиите и обвинителите вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
„Не постои европска држава каде извршната власт би си дозволила отворено да ги напаѓа или да влезе во војна со судиите и обвинителите да ги обвинува како да се тие најголеми криминалци и со тоа влијае и самата на паѓање на рејтингот на судство и системот во целина што е поразително во поширока смисла бидејќи како паѓа довербата и системот има поголем проблем со ефикасноста. Јас гледам тука еден прекор кон владата што таа како да не го разбрала … Кај нас, иако долго време имаме повеќепартиски систем заснован на правна држава, владеењето на правото тешко го разбираат сите власти, а трите на ВМРО посебно се на некој начин антиталенти во оваа сфера. Едноставно не разбираат како функционира правната држава и владеење на правото“, изјави проф. д-р Гордан Калајџиев, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“.
Ноншалантноста со која одговараат од владата според професорот не дава оптимизам дека имаат сериозни намери за брзи чекори кон ЕУ, смета професорот. Навестувањето дека ќе продолжи борбата на персонален план за справување со судии и обвинители коишто се наводно блиски со опозицијата или не им се нив блиски е загрижувачки
Евроамбасадорот Рокас вчера и во присуство на премиерот Мицкоски рече дека не е постигнат напредок во судските реформи и борбата против корупцијата, а тоа останува суштински. Тоа не се само референтни точки, туку и основа за довербата на граѓаните и за европската иднина на земјата.
ЕУ во годинешниот извештај забележа дека засилената реториката на политичарите и владините функционери за преземање мерки против судиите и обвинителите претставуваат непримерно влијание или заплашување и ја поткопуваат независноста на судството. ЕК ги нотира обидите на парламентот да изврши притисок врз членовите на Судскиот совет да поднесат оставка преку интерпелациите како и оставката на екс претседателката Весна Дамева поради политички притисок и претресите во судскиот совет.
Во извештајот се споменуваат и спорните измените на Кривичниот законик, недостатокот на соодветни човечки и финансиски ресурси и одложувањата во судските постапки.
Елена Ивановска Мукоска
Дигитална обработка: T.Д.
