Балкан Вести

Бројот на жртви од пожарот во пензионерскиот дом во Тузла се искачи на 13

Бројот на загинати во пожарот во пензионерскиот дом во Тузла се искачи на 13 откако уште една жена почина на Универзитетскиот клинички центар.

Синоќа почина уште една пациентка што беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација, потврдија од Медицинскиот центар во Тузла.

Број на хоспитализирани лица во моментов е 13. Сега на Клиниката за анестезија и реанимација има три пациенти, од кои еден е на респиратор. На Клиниката за белодробни заболувања се хоспитализирани шест пациенти (еден полицаец и пет корисници на услугите на пензионерскиот дом во Тузла). Тројца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за интерни болести и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба. Еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за урологија, кој е во стабилна здравствена состојба.

Меѓу повредените има тројца полицајци, шест пожарникари, а другите се или корисници на пензионерскиот дом или вработени.

Директорот на пензионерскиот дом, Мирсад Бакаловиќ, по трагедијата поднесе оставка.

Пожарот во пензионерскиот дома избувна на вечерта на 4 ноември и зафати дел од погорните катови на зградата, најмногу одделението каде што биле сместени неподвижни лица.

Во Тузла се прогласени денови на жалост.

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе