Вести Македонија Топ вести

Петти ден тетовци немаат вода, полнат буриња од јавни чешми и се надеваат во ноќните часови кога привремено ја пуштаат

И покрај два водоснабдителни система, тетовци остануваат честопати без вода со денови. Ниту можат да се искапат, ниту да исперат алишта изминатава недела, велат, пред сè, оние кои живеат во повисоките делови од градот. Нивната борба деновиве е да се складира вода за основните хигиенски потреби, а за пиење се купува.

„Па петти ден како нема вода. Станувме многу доцна навечер, дури рани утрински часови, за да наполниме вода. Се снаоѓаме, немаме за основни потреби. Значи не можеш да се тушираш со пет минута што ќе ја пуштат“, реагира тетовец.

„Се случува и еднаш месечно да нема по 2-3 дена вода, воопшто капка да капне. Принудени сме да се симнуваме во парк, кај што има јавни чешми. Од таму да полниме со буриња за да имаме за основни услови, во ВЦ да пуштиме вода“, коментира тетовка.

„Како Шар планина вода има премногу, а да немаме ние вода. Јас не можам да сфатам тоа, јас не можам да сфатим. Само со полнење со буриња со се, прво за тоалет се извинувам, за лична хигиена нема вода“, вели жителка на Тетово.

„Само што ќе пуштиш машина, вода снемало. Не како порано, одиш на работа, ќе пуштиш машина сабајле, кога ќе дојдеш, ќе ја пружиш.“, додава нејзина сограѓанка. 

Стручните лица од општинското претријатие за водовод велат дека количински вода има, но се соочуваат со чести дефекти. Како подолгорочно решение е инсталирање на дигитални водомери за да се спречи несовесното трошење на водата за пиење за други работи.

„Тој проект е неопходен за да може да се изврши рационализација при потрошувачка на вода и водоснабдувањето да се нормализира. Инаку сите капацитети на зафаќање на вода се изградени, постојат“, вели Борче Бојовски, инженер ЈП „Шар Тетово“.

Викендов интензивните дождови беа причина да се замати водата од природните извори, па двата водоснадувачки система беа исклучени од дистрибутивната мрежа. По разбиструвањето на водата, неколку дена постепено се вклучуваше целиот капацитет со кој располага водовод до домаќинствата.

Александар Самарџиев

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе