Вести Македонија Најважни

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со неврологот Кузмановски, кој на објавена снимка во чинија меша бела прашкаста материја

Лекарската комора на Македонија ќе ги разгледа информациите за случајот на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски и најави дека ќе постапи согласно надлежностите, откако вчера беше објавена снима на која се гледа како Кузмановски во чинија меша бела прашкаста материја, за која во снимката алудира дека станува збор за кокаин, велејќи дека „не може со спидо и амфетамини да шмрка бело“.

Од Лекарската комора за Телма велат дека со загриженост ги следат информациите поврзани со Кузмановски, укажувајќи дека докторската професија има специфична димензија која налага високо етичко и морално однесување.

  • „Лекарот е обврзан во професионалниот и во приватниот живот да ги негува и да ги покажува личните квалитети, соодветни на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Лекарот треба да е свесен дека со секој несоодветен, лекомислен, нечесен и понижувачки акт, покрај тоа што се компромитира самиот ги компромитира и сите други колеги, наведуваат од Лекарската комора.

Инаку според Статутот на Лекaрската комора, Судот на Честа е органот кој на барање на Обвинителот на Комората расправа и одлучува за одговорноста на членовите на Комората за сторена повреда од етичка и професионална гледна точка и за повреда на Кодексот на медицинската етика и должности, при што може да изрече опомена, јавна опомена, парична казна, како и времено или трајно одземање на лиценца. Обвинителот пак има право и должност, според Член 38 од статутот на Лекарската комора, да поведуваат постапка против член на Комората за кој постои основано сомневање дека го повредил Законот, Статутот или Кодексот на медицинската професија.

Кузмановски пак, кој вчера по објавата на видеoто беше разрешен од директорската позиција на Неврологија со одлука на министерот за здравство, Азир Алиу, на Фејсбук се извини за постапката, наведувајќи дека се случила во момент на слабост и пред да го преземе управувањето со Клиниката за неврологија.

  • „Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. Се извинувам на сите кои ги разочарав, и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам, да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата, наведува Кузмановски во својата објава на Фејсбук.

За случајот на Кузмановски реагираа и политичките партии. Прва се огласи владеачката ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови доаѓа Кузмановски, а која ја поддржа одлуката за разрешување на Кузмановски од директорската позиција, повикувајќи ги институциите да постапат во согласност со законот и процедурите. Денеска се огласи и опозициската СДСМ, од каде побараа кривична одговорност за Кузмановски, како и темелна истрага на неговата севкупна работа како доктор и директор на Клиниката на Неврологија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика за случајот со Кузамановски да реагира и Лекарската комора со проценка дали колку долго се случувало тоа и дали во таква состојба доктор, воопшто, може да лекува пациенти.

Тамара Грнчароска

Разрешен директорот на неврологија Кузмановски откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој зборува за „шмркање бело“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе