Вести Македонија Топ вести

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Наредните директори на полицијата ќе треба да имаат факултет по општествени науки, а не безбедност. Идните полициски началници може да водат сектори и без раководно полициско искуство- Собранието ги доби предлог законите за полиција и внатрешни работи.  

Идните директори на Бирото за јавна безбедност, главниот дел на македонската полиција, нема да мораат да одат на факултети за одбрана и безбедност, право или економија туку со предложените законски измени, директор ќе може да биде оној кој завршил било каков факултет од кампусот на општествени науки без разлика дали е поврзан со полициско-безбедносната област или не.

И додека во образованието, се врши олеснување за избор на директор, со друг член се намалува кругот на потенцијални кандидати за највисоката професионална позиција во полицијата, во Бирото за јавна безбедност. Досега директори можеа да станат сите оние кои имале 12-годишно искуство и 5-годишно раководно искуство во безбедноста, одбраната и разузнавањето, отсега таа функција ќе може да ја вршат искусни полициски началници.

Покрај сертификатите за англиски јазик како ТОЕФЛ и ИЕЛТС, во тој услов за да се биде директор на БЈБ, се додадени и полесни јазични критериуми како уверение за знаење на некој од трите европски јазици, англиски, германски и француски јазик.

Со измените, директорот на Бирото за јавна безбедност добива и клучна истрага во истрагите преку нов член.

ЧЛЕН 16-Б ОД ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ПОЛИЦИЈА

Директорот на Бирото издава наредби од областа на полициското и криминалистичкото работење.

Има и значајни промени во условите за избор на идните началници на Секторите за внатрешни работи кои ги има 8 во државата и се веднаш под директорот на Бирото. Со предлог законот се брише клучната одредба за потребно искуство за таа функција.

Досега, полициските началници во СВР Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, Струмица, Штип, Битола и Велес требаше да работат минимум 6 години во полиција од кои најмалку 4 години на раководно место. Но тој услов сега е поништен и не е потребен за да се биде началник.

Со законот е сменет бројот на полициски станици со општа надлежност, односно полициски станици кои функционираат 24 часа. Во Скопје се додадени три нови такви станици, Бутел, Илинден и Сарај, а повторно се брише од тој список- еден од поголемите објекти, станицата Бит пазар.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе