Вести Македонија Најважни

Првата антикорупционерка додека одавала службени тајни, отфрлала и пријави за „Адитив“

Во периодот кога првата антикорупционерка Татјана Димитровска, според обвинителството, одавала службени тајни на екс директорот ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ отфрлила пријава токму за тендерот за набавка на адитив за кој е обвинет нејзиниот семеен пријател, а за друга постапката запрела. Телма веќе објави дека ДКСК првата пријава ја добила во јануари 2024 година, а  ја отфрлила во  јуни, при што во нејзиното соопштение до  јавноста Димитровска всушност призна дека за целото тоа време комуницирала со Стојановиќ.

„Сакам да ја информирам јавноста  дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне  постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се  согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му  е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со  случајот предметот „Адитив“, соопшти Димитровска. 

Но, ДКСК освен првата пријава отфрлена со потпис на Димитровска ќе добие уште една, неколку месеци подоцна во април за истиот тендер за набавка на адитив. И тогаш Димитровска разменувала пораки со Стојановиќ. Одлуката да се запре постапувањето по пријавата ќе се донесе тек на 12 декември, по два дена откако обвинителството ќе отвори истражна постапка. До тогаш поминале 8 месеци од пријавата, Објаснувањето ќе биде дека надлежните институции веќе имало отворено случај. Тогаш и ќе престане комуникацијата бидејќи Стојановиќ ќе заврши во притвор.

Димитровска ќе напише и дека останатите 6 члена на институцијата немаат никаква поврзаност за делото за кое е осомничена. Но, она што тие сега треба да го направат, според Миша Поповиќ од Институтот за демократија е да направат ревизија на двете пријави.

„Секако тоа треба да бидат едни од случаите кои што останатите членови ан ДКСК ќе ги преразгледаат, иако едниот на некој начин е упатување дека веќе постапува јавното обвинителство ДКСК може да почека и да го одложи во времето кога е донесена одлуката. Меѓутоа не се само тие. Потребно е да се избере некаков дел од тие одлуки или да се пристапи на некој друг начин“, смета Поповиќ.

А целта, како што додава Поповиќ, е да се покаже соработка во истрагата, бидејќи наводите на обвинителство покажуваат дека информации протекле од ДКСК, институција со која треба да соработуваат.

Марија Митевска

Осомничената претседателка на ДКСК тврди – комуницирала со семеен пријател, разговорот немал никаква поврзаност со случајот „Адитив“

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе