Балкан Вести Свет

Продолжува собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ денеска ќе се обрати пред своите поддрживачи

Во Белград денеска ќе се одржи вториот ден од собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на национално движење првично наречено Движење за народот и државата, на кој ќе зборува претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Програмските активности почнуваат во 13 часот додека централниот собир ќе биде пред Парламентот во 19:00 часот.

За време на тридневната манифестација, како што е најавено ќе се одржи културно-забавна програма заедно со промоција на политички идеи и барања.

Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ почна вчера со дефиле на знамиња, кога беше претставено српско знаме долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ на 8 април ги повика граѓаните на овој собир, што ќе трае до утре во име на новооснованото „Движење за народот и државата“.

Собирот се одржува во ек на неколкумесечни масовни протести организирани од студентите кои ги блокираат државните универзитети со барање да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 лица кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Вучиќ најави дека на собирот ќе се утврдат барањата „што се усогласени со Уставот“. „Барања што се сериозни и ја претставуваат волјата на одговорните луѓе во нашата земја, волјата на мнозинството во Србија“, порача Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изјави претходно, дека Александар Вучиќ на тој собир ќе изнесе пет барања до институциите.

Како што е најавено, граѓаните ќе можат да му оставаат писма, разгледници и предлози на претседателот на државата за тоа како треба да изгледа идното движење за народот и државата. Исто така, ќе може и на т.н. гласачки ливчиња да се изјаснат и за името на движењето, кое до 28 јуни (Видовден) треба да го добие официјалното име.

„Народот ќе одлучи за името, ќе има можност да го направи тоа и в недела, бидејќи ќе имаат таканаречени гласачки ливчиња за да го напишат својот предлог. Има седум или осум предлози за името на движењето.Потоа повторно на долга дебата и гласање.Се треба да заврши на 28 јуни на Видовден“, рече претходно Вучиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе