Балкан Вести

Во последните три месеци протерани 15 хрватски државјани од Србија

Четворица хрватски државјани се протерани од Србија во изминатите два дена, а во последните три месеци имало 15 такви случаи, изјави за Н1 Белград хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Бишчевиќ.

Тој вели дека одлуката за протерување поради безбедносна закана му е издадена дури и на одфицијалниот претставник на Стопанската комора на Хрватска во Белград, кој 11 години живеел и работел во тој бизнис.

„Во последните три месеци тоа до сега е веќе 15 случаи. И таа зачестеност е нешто што предизвикува загриженост. Јас не би шпекулирал кои се мотивите за тоа. Не би сакал да го навредам она по што се водеше Република Хрватска низ овие чувствителни општествени и политички настани во Србија, а тоа е демонстрација на исклучителна воздржаност од наша страна. Ништо од хрватската официјална страна не го прекрши елементарното правило на меѓународните односи за немешање во внатрешните работи на другите држави. Како држава не дадовме никаква причина“, рече амбасадорот Хидајет Бишчевиќ.

Амбасадорот посочува дека во образложението за секој граѓанин на кој му била доставена наредба за протерување едноставно стои „безбедносен ризик“, за една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе