Балкан Вести Свет

ЕУ повикува на деескалација пред протестите на 15 март во Белград

Европската унија го повика Белград да ги почитува заедничките темелните вредности пред најавите за големиот митинг најавен на 15 март и информациите кои ги објави претседателот Александар Вучиќ дека се подготвуваат насилства и се закани со апсења.

Во пораките од ЕУ се вели дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање на транспарентност и одговорност.

„ЕУ постојано повикува на деескалација на тензиите, преку воспоставување услови за инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучително политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, со цел да се решат реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ“, вели Брисел.

Претставниците на ЕУ потврдуваат дека внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе