Балкан Вести Свет

Генерален штрајк во Грција за двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи

Генерален штрајк е најавен за утре во Грција со што ќе се обележи двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во кој се судрија директен и патчни воз кои се движеле на иста шина во различни прави, при што загинаа 57 лица.

Закажани се 345 протести, од кои 243 се на различни локации со кои ќе се блокира патниот, бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и затворање на дел од рестораните, таверните, кафулињата. Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор и приватниот сектор.

Во Атина собирот е закажан за 11 часот по локално време, а ќе се преземат зголемени безбедносни мерки, според грчките медиуми, со ангажирани над 5.000 полицајци. Грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, најави дека ќе го презентира извештајот од истрагата пред утрешните протести.

Следната седмица во Парламентот предвидено е да се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а премиерот Мицотакис посочи дека секој ќе може да ги претстави своите ставови и предлози а, ќе може да достави предлог и за гласање недоверба на Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе