Вести Свет Топ вести

Една година затвор и шест години забрана за вршење на политичка должност – судот на БиХ го прогласи Додик за виновен

Една година затвор и шест години забрана за извршување на политички должности. Ова е пресудата на судот на БиХ за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој не присуствуваше на рочиштето, туку ја слушна од Бања Лука. За пресудата, која е првостепена и за која постои можност за жалба, рече дека е политички мотивирана.

„Нема причина за било каква загриженост. Научив да се носам со потешки работи“, додаде Додик кој е обвинет за непочитување на одлука на Високиот претставник Кристијан Шмит. 

  • Велат дека сум виновен, но луѓето тука ќе ви кажат зошто не сум виновен. Нема причина за загриженост. Научив да се справувам и со потешки ситуации, па и со оваа. Важно е дека сте тука за да ми дадете поддршка. И тоа секогаш ќе ми биде важно, рече пред своите поддржувачи во Бања Лука кои се собраа пред зградата на Претседателството на Република Српска.

  • Имав два телефонски повици. Првиот телефонски повик од Александар Вучиќ, да ја покаже својата поддршка и да каже дека стои до Република Српска и нас. Затоа ве молам за еден извик – да живее Александар Вучиќ! Да живее! Благодарам. Вториот повик беше од мојот пријател Орбан, кој го кажа истото. Го поканувам Александар Вучиќ да дојде во Бања Лука вечерва или утре, за да разговараме за тоа што е следно, рече Додик.

Еве ја и снимката од изрекувањето на пресудата во празна судница.

Најавени се и протести. За попладнево е закажана седница на Народното Собрание на Република Српска на која порача дека не планира да присуствува.

По пресудата на судот на БиХ, српскиот претседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за националната безбедност на Србија во 17 часот.

Филипче по посетата на Додик: Како членка на НАТО, Македонија не смее да дозволи реторика што ги загрозува државните интереси

Премиерот се огради од политичките пораки на Додик – оцени дека го злоупотребил вчерашниот настан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе