Вести Свет

Денес се одбележуваат три години од руската инвазија на Украина

Руски тенкови, проектили и летачки дронови  утрото на 24 февруари 2022 година влегоа на територијата на Украина и ја започнаа инвазијата. „Три години отпор“ и „апсолутен херојизам“ се зборовите на Зеленски кој ги упати денес во Киев каде што ги пречека 27-те европски лидери заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо кои пристигнаа во знак на поддршка.

Лидерите во Киев ќе разговараат за воените напори на Украина, како и за помошта на Европската Унија и релацијата на САД и Украина.

Паралелно денеска министрите за надворешни работи во Брисел го одобрија новиот 16-ти пакет санкции насочени кон Русија. Шефицата на европската дипломатија Каја Калас рече дека новите мерки се насочени и кон поддржувачите на флотата во сенка, производители на конзоли на видеоигри кои се користат за пилотирање на дронови, како и исклучување на руските банки од свифт системот.

Во изјава пред денешниот состанок, Калас го отфрли тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски можеби е диктатор, обвинувајќи дека и „Путин немал избори или Русија немала избори во последните 25 години. Според неа Зеленски е избран лидер на слободни и фер избори. А го потенцираше и фактот дека за време на војна не може да се одржат.

„Разговараме и се надеваме дека ќе го усвоиме 16-тиот пакет санкции, кој вклучува инсталации на флотата во сенка, од различните аспекти. Потоа, исто така, поднесовме нова одбранбена иницијатива за поддршка на Украина со капацитети за муниција на краток рок, она што им треба. И јас очекувам оваа политичка дискусија да се придвижи“ вели Каја Калас шефица за надворешна политика на ЕУ.

Во денес Вашингтон се одржува средба меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Средбата доаѓа по одлуката на американската администрација да ги исклучи Европа и Украина од преговорите во Саудиска Арабија меѓу високи функционери на САД и Русија.

На тригодишнината од руската инвазија на Украина генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутреш потенцираше дека руските сили итно треба да се повлечат од Украина, бидејќи човековите права се гушат од автократски режими и страдаат од глобални конфликти.

„Ја започнуваме оваа сесија под тежината на една мрачна пресвртница – три години од руската инвазија на Украина што ја прекршува повелбата на ОН. Повеќе од 12.600 цивили загинаа, а многу беа повредени. Цели заедници се претворени во урнатини, уништени се болници и училишта. Не смееме да се откажеме од ставањето крај на овој конфликт и да постигање на праведна резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации“ изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

За три години војна се проценува дека Украина има изгубено околу 11 отсто од својата територија. А според Агенцијата за бегалци на Обединетите нации до крајот на 2024 година милиони Украинци ги напуштија своите домови. Според нивната статистика во моментов нешто повеќе од 6,3 милиони украински бегалци живеат во Европските земји.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе