Балкан Вести Свет

Бугарија за три години заработила 500 милиони евра од испраќање воена помош за Украина

Во последните три години, Бугарија заработила околу 500 милиони евра од испраќање воена помош за Украина. Станува збор за воена опрема, особено советска опрема која беше клучна за воената поддршка на Украина против руската инвазија.

Официјална Софија по основ на компензација добила околу 300 милиони евра од САД и Европската комисија, додека 174 милиони евра легнале на нивна сметка од Данска преку два договори за поддршка на украинската војска.

Овие компензации се дел од пошироката стратегија на Западот да се обезбедат потребни ресурси за Украина, а истовремено да се поттикне индустријата за оружје во земјите на Источна Европа, кои имаат арсенал на оружје од советската ера.

Иако бугарската воена индустрија не преминала целосно на западно вооружување, таа продолжила да произведува опрема од советски тип, а истата била искористена за извоз во различни региони, вклучувајќи го и Блискиот Исток, Азија и Африка.

Според податоците од 2023 година, бугарската индустрија за оружје има обрт од 3,2 милијарди евра, што ја става во средната категорија на производители на оружје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе