Балкан Вести Топ вести

(ФОТО)Девојка завршила под тркала на автобус, уапсен Шриланчанец поради сомнеж за сообраќајна несреќа во Белград

Повредени 16 лица, тројца со тешки телесни повреди од кои и една која девојка заврши под тркалата на автобусот во страотен судир помеѓу два автобуси, кој денес се случи во утринските часови во Нов Белград, на раскрсницата меѓу Земунска и Гандиева улица.

Автобусот со голема брзина кој доаѓал од правец на Сурчин, удрил во друг автобус кој стоел на постројката. Лицата се пренесени во Ургентниот центар и се уште нема информации за нивната здравствена состојба. Уапсен е 43-годишен Шриланчанец, кој бил возач на автобусот, а се сомничи дека ја предизвикал несреќата.

Очевидците раскажуваат дека најмногу настрадале удрените од возилото. Врисоци и лелеци се слушнале при ударот на самиот автобус, а луѓето почнале да паѓаат на сите страни од силината на самото удирање. Тие велат дека влезната врата на автобусот била целосно искривена од ударот, се обидувале да ја отворат сами без полицијата, но без успех.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе