Вести Култура Македонија

(видео)Како изгледале праисториските населби во струмичко-дојранскиот регион и како биле организирани?

Геомагнетните снимања на археолошките локалитети во струмичко-дојранскиот регион потврдија дека овде имало цивилизација стара речиси осум милиениуми. Со снимањата се добиле и нови податоци за инфраструктурната поставеност на населбите за кои досега е познато дека имале кружна форма, со празен простор на средина.

Како изгледале праисториските населби во струмичко-дојранскиот регион и како биле организирани? На вакви прашања се обидуваат да добијат одговори струмичките археолози, правејќи геомагнетни снимања на локалитетите во целиот регион. Намерите се да се снимаат сите познати локалите од праисторијата. Археологот Зоран Рујак вели дека овој процес е почнат поодамна, а сега се продолжува.

Освен локалитетот Орниче геомагнетни снимања и истражување во Дојрaнско имало на локалитетот Атици, кај Црничани, село кое е на само два километра оддалеченост од Дојранското Езеро. Досегашните снимања потврдуваат дека тука имало цивилизација стара осум милениуми.

Истражувањата се финансирани од Миистерството за култура и туризам а поддршка имале и од Археолошкиот музеј на Македонија.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе