Вести Македонија Најважни

Македонија забелена под снег! – Забрана за камиони на неколку патни правци

Снегот кои од доцна синоќа почна да паѓа на територијата на македонија ги забели патните правци во земјава. Снег паѓа и во градските средини каде снежната покривка некаде достигнува и до 20 сантиметри.

Од утрово на неколку патни правци воведена е забрана за тешки товарни возила. Забрана за камиони од 10.40 часот е воведена на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат.

Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци –  од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.

Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај  на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.

Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе