Обвинителство: Надзорот над условниот отпуст за Мијалков го определува судот, обвинителстовто не дало позитивно мислење да му се врати пасошот
Видеото на кое Сашо Мијалков излегува од луксузен автомобил среде Монте Карло не само што ја разбранува јавноста туку го покрена и прашањето дали може да ги минува границите додека е на условен отпуст од затвор. Од обвинителството велат дека во ниту еден момент не се согласиле екс шефот на УБК да добие условен отпуст.
Дале негативно мислење а потоа поднеле и жалба, но поради измени во Законот за извршување на санкции, обвинителството нема право да се жали. Објаснуваат и дека за тоа како ќе се спроведува условниот отпуст одлучува судот
-Со оглед на тоа, во мај 2024 година, кога Сашо Мијалков добил конечна одлука за условен отпуст, јавниот обвинител воопшто не можел да има никакво влијание врз таквата одлука ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот. Тој надзор го одредува исклучиво Судот и согласно закон (член 255) може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон, велат од Обвинителство
И во врска со предметот „Трезор“ велат дека обвинителот што го водел ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. За овој предмет доби ослободителна пресуда.
Ослободителна доби за предметот „Тортура“. Му застаре гонењето и за „Титаник 2“ и „Таргет – Тврдина“, за „плацевите на Водно“ доби условна, а единствената затворска ја доби со спогодбата за „Империја“ која ја одлежуваше во затворот во Струга. Излезе порано со условен отпуст кој трае до 25 април 2025.