Вести Македонија Најважни

Скопје во топ 10 најзагадени градови во светот

Скопје и по повеќе од две недели никако да се симне од листата најзагадени градови во светот. Воздухот отровен, а градот се гуши во смог и утрово. Инспекторите на Министерството за животна средина со заилени вонредни контроли да утврдат, дали индустриските капацитети со А интегрирани дозволи работат согласно закон. Од таму велат дека ниту еден индустриски капацитет не загадува.

„Поголем дел од големите капацитети кои имаат А интегрирана еколошка дозвола на територија на град Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет. Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и Патишта, Радком, Филип инженеринг Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна База Вато Доо Студеничани Скопје“ велат од Министерството за животна средина.

Јавните претпријатија за комунална хигиена редовно да ги чистат и мијат улиците и тротоарите, инспекторите за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата, се дел од мерките кои треба Општините и Градот Скопје почесто да ги извршуваат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“, додаваат од министерството.

Од Град Скопје уверуваат дека  контролите се засилени и дека прекршителите се казнуваат.

А, од Инспекторатот за животна средина за Телма велат дека се работи на централизирање на општинските инспектори да преминат во државниот инспекторат за да нема префрлање на одговорноста и дополнителни чекања.

Највисоко ниво на загаденост на воздухот по општини во главниот град, според платформата ајкјуер, е регистрирано во Центар, Лисиче, Карпош,Ректорат, Гази Баба и Кисела Вода. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем кој влијае врз здравјето на луѓето. Невидливите честички навлегуваат во клетките, а преку нив во срцето, крвта и мозокот, велат лекарите.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување на домовите. Тој додаде дека се работи на тоа, но е потребно време и пред се изградба на гасни централи.

Во меѓувреме, додека надлежните предлагаат краткорочни и долгорочни мерки, екологистистите преку протести апелираат веднаш да се спроведат решенија и мерки против аерозагадувањето. Статистиките минатата година покажаа дека токму поради загадениот воздух во земјава годишно умираат повеќе од 3.000 лица

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе