Вести Македонија

Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк

Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на платат. Од УПОЗ за Телма соопштија дека следниот вторник, односно на 14 јануари, почнуваат со протести во најмалку четири министерства  со истото барање. Досега потврдено дека протести ќе има во министерството за економија и труд, за правда, за администрација и за животна средина. Протестите ќе траат по половина час, од 11.30 часот до пладне а вработените ќе протестираат пред зградите на нивните министерства.

Одлуката за штрајк и за протести на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако  финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток. Од УПОЗ се на ставот дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Неодамна од финансии одговорија дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени согласно претходно потпишани колективни договори. Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на  додатокот на плата го поднеле пред да се изготви буџетот за годинава, а одговорот од таму добиле откако државната каса била затворена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе