Вести Македонија Најважни

Таткото главен осомничен за убиството на 39 годишниот тетовец

За убиството на 39-годишниот тетовец, кој вчера беше пронајден со прострелна рана во главата, се сомничи неговиот татко.

Според информациите на Телма телото било пронајдено откако неговите другари не успеале да контактираат со него, па случајот го пријавиле во СВР Тетово. Поради тоа што вратата на домот била заклучена, биле повикани пожарникарите за да ја отворат.

Околу 18.50 часот полицијата го пронашла безживотното тело, но и неговиот татко кој изгубил свест. Во просторијата била пронајдена и ловечката пушка со која било пукано.

 „Полициски службеници во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом го пронашле С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Таткото, кој се сомничи за убиство на синот, се наоѓа на одделение во Клиничката болница во Тетово, под надзор на полициски службеници.

 „По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н., изјави Реџепи.

Според извори на Телма двете ловечките пушки кои биле пронајдени во домот, семејството ги поседувало со дозвола. Во СВР Тетово нема претходни пријави за семејно насилство.

Полицијата и Обвинителството работат на расчистување на случајот.

Данијела Билбилоска

Истрага за убиство во Тетово, предложен притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе