Во рамките на проектот „Бистро-матно“ на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“, организацијата ги објави најматните и најбистрите настани за месец декември.
На врвот на листата на “матни” настани се најдоа случајот со Артан Груби и Енвер Беџети, кои беа ставени на „црната листа“ на САД по обвиненија за значителна корупција, вклучително и примање мито за уривање судски процеси.
Како втор „матен“ настан се издвојува случајот со Цвета Ристовска, членка на Антикорупциската комисија, која поради предавања на Универзитетот за туризам и менаџмент будеше сомнежи за судир на интереси бидејќи го водеше предметоѕ за оспорената диплома на директорот на АНБ Бојан Христовски добиена од тој Универзитет. Случајот со Ристовска го откри и објави Телма, а по него следуваше навредлив и омаловажувачки допис од ДКСК по што потпишаната претседателка на Комисијата Татјана Димитровска изрази жалење за грубиот речник.
Третиот настан е постапката за злоупотреби при јавни набавки во Дирекцијата за ТИРЗ.
Меѓу “бистри” настани, организацијата ги издвојува кривичните пријави за оштетување на буџетот, обвинението против пратеникот Пеце Милевски и кривичните пријави за поранешните директори на Фондот за иновации, Коста Петров и Фестим Халили.