Вести Македонија Најважни

Се полни новогодишната кошница, производителите понудија намалување за над 1.000 производи – колку ќе заштедат граѓаните

Се полни новогодишната кошница. Производителите понудија намалување од над 1.000 производи, но првите податоци за тоа колку граѓаните ќе заштедат, ќе се знаат на почетокот на идната година „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, оваа налепница месец дена ќе биде присутна меѓу дел од производите. Додека инспекторите на терен проверуваат дали трговците ја почитуваат мерката, граѓаните од продавниците излегуваат разочарани. Новогодишната кошничка е замајување на јавноста, сметаат тие.

Но, за разлика од претходните мерки, овој пат мониторинг за тоа дали се почитува одлуката, освен инспекторите ќе прават и синдикатите, организацијата на потрошувачки, но и граѓаните и медиумите, посочи заменик министерот за економија.

„Сите неправилности во однос на изигрување на она што самите производители го понудија ќе бидат прво проследени со опомени, но има и законски казнени одредби кои се однесуваат на трговската измама“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Инспекторите ги повикаа граѓаните да пријават доколку утврдат неправилности, но нема да проверуваат дали трговите до 14 ноември ги зголемиле цените. Ќе се држат велат до Законот за заштита на поттошувачите, кој пропишува дека кога е акциска продажба се утврдуваат цените во изминатите 30 дена, во случајот од 15 ноември до 15 декември.

„Се утврдуваат изминатите 30 дена. Тоа е тоа. Да формално, правно имаме механизам да ги провериме и наназад уште плус еден месец, меѓутоа да по закон за заштита на потрошувачи ние контролираме овие 30 дена, односно најниската цена во изминативе 30 дена“, истакна Влатко Стојаноски, директор на ДПИ.

Опозициската СДСМ новогодишната кошница ја нарече измама, а инфлацијата од 4,3% во месец ноември покажува дека цените веќе се покачени.

Мерката ќе трае еден месец, односно до 15 јануари. Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалаци.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе